Анкета на граѓани: Кои се најзначајните културни споменици во Скопје и Македонија?

Најчесто споменувани одговори од анкетираните граѓани за споменици на културата во Скопје се : Калето, Старата чаршија, Камениот мост, Даут пашин амам, но граѓаните ги спомнуваат и Аквадуктот, Скупи, Старата железничка станица, ГТЦ, црквата Свети Спас, манастирот Свети Пантелејмон во Нерези, па и поновите споменици кои не се дел од културното наследство.