На Македонија можеби не ѝ треба робо-такси, но ова автономно возило би било од голема корист

И покрај чудниот изглед, овој автомобил би бил многу покорисен од роботаксијата. Црното возило со чуден изглед ќе се види на патиштата во северен Лондон, каде што ќе се движи со темпо на полжав и ќе биде исклучително корисно во својата работа. Имено, ова возило има способност да детектира пукнатини и дупки на асфалтот и целосно автономно да ги поправа.