Петар Грашо раскажа како Оливер Драгојевиќ му го сменил животот

Снимав песни во едно студио со пријател, во некој подрум. Мојот татко тоа го слушна и ми рече дека е добро, а во нашето семејство искрено си кажуваме ако нешто чини или не чини. Тој потоа седеше во кафуле со еден пријател, и му рече: „Слушај, малиот мој нешто пишува, ајде види дали е тоа добро. Пријателот потоа ми се јави и ми рече дека тоа е неверојатно добро и за некој постар од мене, а камо ли за некој млад автор. Тој човек беше Оливер Драгојевиќ, се присети Грашо.