Во оној момент кога ЕЦБ ќе го прогласи првото намалување на каматните стапки, пазарите во Европа веднаш ќе реагираат и тоа ќе се рефлектира врз шестмесечниот Еурибор. За кусо време потоа, промената ќе се рефлектира и врз каматните стапки за девизните кредити што ги користат клиентите на македонските банки, изјави Маја Штериева, претседателка на Македонската банкарска асоцијација, во гостувањето на поткастот „Каде се парите?“.