Се самозадоволувал на јавно место во Струмица

Макфакс

29/11/2026

17:30

676

Големина на фонт

а а а

Четириесет и четиригодишен струмичанец вчера бил лишен од слобода, откако бил пријавен дека се самозадоволувал на јавно место пред други лица.

Според полициските информации, инцидентот се случил околу 9:45 часот во Струмица, по што интервенирале полициски службеници од СВР Струмица.

Мажот бил приведен во полициска станица, каде што при претрес кај него била пронајдена марихуана.

За случајот бил известен јавен обвинител, а по неговото целосно документирање против струмичанецот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.