Невремето „Аргос“ во Грција: Црвен аларм за Атика и Евија, ветер до 10 бофори во Егејското Море

Точка

29/11/2026

08:23

2.039

Големина на фонт

а а а

За недела, 29 ноември, грчките власти издадоа црвено предупредување за обилни дождови и грмежи во повеќе региони, меѓу кои и Атика, каде што се наоѓа Атина. Во Егејското Море се очекуваат особено силни ветрови.

Невремето „Аргос“ денеска, 29 ноември, се очекува да се засили во источна Грција. За Атика, Евија и Спорадите важи црвено предупредување поради прогнозата за обилни врнежи и грмотевични бури, соопшти грчкото Министерство за климатска криза и цивилна заштита.

Предупредувањето ги опфаќа и Лариса и Магнезија во источна Тесалија, како и Беотија и Фтиотида во централниот дел на земјата. Во текот на денот метеоролозите очекуваат невремето да се прошири кон Коринтија, Арголида, источна Аркадија и Лаконија на Пелопонез.

Архивска сателитска снимка на невремето Даниел над Грција

Невремето „Даниел“ над Грција, архивска снимка од 7 септември 2023 година. Фото: НАСА

На истокот од земјата се очекува северен и североисточен ветер со јачина од девет бофори, а во делови од Егејското Море до 10 бофори, пренесе грчкиот јавен сервис ЕРТ. Жителите на Евија, Фтиотида, Беотија, Магнезија и Спорадите уште во саботата добија предупредувања преку системот 112.