[ФОТО] Пешевска: На денешен ден во 2017 година со полициска опсада ми беа ставени лисици под обвинение за тероризам

Макфакс

27/11/2026

13:30

241

Големина на фонт

а а а

Пратеничката Жаклина Пешевска се присетува на драматичниот настан од 2017 година кога со полициска опсада и насилно кршење на вратата, пред очите на нејзините деца ѝ ставиле лисици и ја обвиниле за тероризам. Таа ја истакнува болката што ја носи и правда за нејзината и борбата за Македонија и националните интереси.

На денешен ден, во 2017 година, нешто пред 05:00 часот наутро, со полициска опсада и насилно кршење на вратата, пред очите на моите три малолетни дечиња, ми беа ставени лисици на рацете под обвинение за тероризам, објави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска.

Денес, додава таа, стојам гордо, исправена и со крената глава пред мојот македонски народ.

„На денешен ден, во 2017 година, нешто пред 05:00 часот наутро, со полициска опсада и насилно кршење на вратата, пред очите на моите три малолетни дечиња, ми беа ставени лисици на рацете под обвинение за тероризам.

Следуваа судски процеси, претреси, одземен имунитет и домашен притвор. На крајот, поради недостиг на докази, истрагата беше запрена. Но, она што не можеше да се запре беа болката, стравот и траумите што јас и моето семејство ги носиме до ден-денес.

Ниту една мајка не заслужува нејзините деца да го гледаат тој ужас. Ниту едно семејство не заслужува да поминува низ таква голгота.

Не се откажав, не потклекнав и нема да потклекнам кога станува збор за Македонија, за вистината и за националните интереси!

Но, мојата лична болка не е поголема од болката што ја чувствувам за моите браќа патриоти, кои беа долго одвоени од своите семејства.

Со длабока тага се сеќаваме и на Кире Ѓорѓиевски и Игор Југ, кои, за жал, не ја дочекаа слободата.
Времето минува, но неправдата не се заборава.  ДА НЕ СЕ ЗАБОРАВИ, ДА НЕ СЕ ПОВТОРИ“, напиша Пешевска.