Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи понуди Техеран и Кувајт заеднички да утврдат од каде дошол нападот.
Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи негираше дека Иран бил вмешан во нападот во Кувајт во кој загинаа двајца Италијанци. Тој понуди заедничка истрага за да се утврди кој е одговорен, пренесе Ројтерс. Градот Кувајт, архивска фотографија. Фото: Dss98 / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0
Арагчи ја изнел понудата во разговор со кувајтскиот министер за надворешни работи, според „Иран интернешнл“. Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани изјави дека Италија ќе упати протест до иранската амбасада.








