Општина Бутел додели 349 спортски стипендии

Макфакс

27/11/2026

10:30

166

Големина на фонт

а а а

Општина Бутел додели 349 спортски стипендии на најдобрите спортисти од општината, обезбедувајќи финансиска поддршка преку транспарентна постапка. Градоначалникот Дарко Костовски изрази гордост и уверување дека овие стипендисти ќе станат успешни спортски шампиони кои ќе ја претставуваат Македонија на светско ниво.

Општина Бутел вчера додели 349 спортски стипендии на најдобрите спортисти од општината.

Општина Бутел спроведе транспарентна постапка со јасно утврдени критериуми и обезбеди месечна и еднократна финансиска поддршка за сите спортисти кои аплицираа на јавниот повик.

Градоначалникот Дарко Костовски истакна дека е особено горд и верува дека стипендистите се идните европски, светски и олимписки шампиони кои ќе ја прослават Македонија ширум светот.

Воедно, градоначалникот нагласи дека ќе продолжи биде цврст партнер на секој спортист и спортски клуб од општина Бутел.

„Лидерската позиција не се стекнува со зборови, туку со дела, инвестиции и резултати. Во општина Бутел вредноста на спортот е најголема“, рече Костовски.