Урсула фон дер Лајен рече дека спроведените реформи би можеле да овозможат дополнителни средства за трите земји во следните недели.
Македонија, Албанија и Црна Гора би можеле да добијат дополнителни 338 милиони евра од Планот за раст за Западен Балкан, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, по самитот во Брисел на 25 ноември. Поглед кон Скопје, архивска фотографија. Фото: Nemanjam / Wikimedia Commons
Според изјавата објавена од Европската комисија, станува збор за можен заеднички износ за трите земји. Фон дер Лајен го поврза пристапот до средствата со реформите и со постепената интеграција на регионот во ЕУ.








