Омиш одобри помош за семејствата на загинатите во летниот пожар

Точка

26/11/2026

11:40

124

Големина на фонт

а а а

Градскиот совет го прогласи 13 август за Ден на сеќавање на пожарот во кој загинаа шест лица.

Градскиот совет на хрватскиот град Омиш синоќа одобри еднократна помош за семејствата на загинатите и за луѓето со тешки здравствени последици од пожарот што летово ја зафати околината на градот.

Како што објави ХРТ, семејствата ќе добијат по 40.000 евра за секоја загината жртва, а лицата со тешки здравствени последици по 80.000 евра. Пожарот однесе шест животи.

Омиш, архивска фотографија. Фото: Sergei Gussev / Wikimedia Commons, CC BY 2.0

Советот го прогласи 13 август за Ден на сеќавање. Усвои и критериуми за надомест на материјалната штета. Во првата фаза се опфатени само легалните станбени објекти.

Насловна фотографија: Sergei Gussev / Wikimedia Commons, CC BY 2.0.

Извор: ХРТ / Хина.