Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека војната со Иран е финансиски обезбедена до јануари, кога демократското мнозинство ќе го преземе Контролата врз Конгресот што може да ги ограничи неговите овластувања за конфликтот. Трамп исто така изрази ставови за американските воени успеси, позицијата кон режимот во Иран и најавите за тужби по воздушниот напад.
Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека војната со Иран е финансиски обезбедена до јануари, кога демократите ќе ја преземат контролата врз Конгресот, што би можело да ги ограничи неговите овластувања за продолжување на конфликтот.
Во интервју за „Њујорк пост“, Трамп оцени дека новото демократско мнозинство би можело да ја „претвори чистата победа во пораз“.
Тој ги повтори тврдењата за успесите на американската војска против Иран, наведувајќи дека иранската морнарица, воздухопловните сили и противвоздушната одбрана се уништени.
„Не знам како политички би го извеле тоа, бидејќи победата ни е во раце. Таа војна можеме да ја завршиме кога и да посакаме“, изјави Трамп, коментирајќи ја можноста демократите да го запрат конфликтот.
Американскиот претседател нагласи дека промената на режимот во Иран не е негова цел.
„Само не сакам да имаат нуклеарно оружје. Никогаш не сум бил ниту за ниту против промена на режимот, тоа никогаш не било мој критериум“, рече тој.
Трамп ја коментираше и најавата на Иран дека ќе поднесе тужба против САД и ќе бара отштета поради воздушен напад врз училиште, посочувајќи дека и Вашингтон би можел да бара отштета за жртвите за кои го обвинува Техеран.








