[ФОТО] Погледнете ги восхитувачките глетки од супермесечината ширум светот

Точка

25/11/2026

20:52

546

Големина на фонт

а а а

На небото вчера се појави супермесечина, која се нарекува и „Дабарска Месечина“, по животното што во овој период од годината почнува да се засолнува од зимата.

Тоа е воедно и периодот од годината кога трговците со крзно во Северна Америка ловеле дабари поради нивното зимско крзно, пишува „USA Today“, пренесува „RTV“.


Според податоците на „NASA“, супермесечина се појавува кога полната Месечина се наоѓа во точката најблиску до Земјата во текот на месецот. Оваа појава се нарекува „перигеј“ и придонесува Месечината да изгледа околу 30 отсто посветла и до 14 отсто поголема од вообичаено.


Според „NASA“, ноемвриската полна Месечина ќе биде првата во низата од четири супермесечини што ќе се појават кон крајот на 2026 и почетокот на 2027 година.


Оваа супермесечина се смета за една од најголемите и најсјајните полни Месечини во 2026 година, односно ќе изгледа малку поголема и посветла од просечната полна Месечина.


Следните супермесечини ќе се појават на 24 декември, 22 јануари и 20 февруари, а секоја носи назив поврзан со фолклорот на домородните американски племиња, како и со традицијата на колонијалните доселеници и Европејците.