[ВИДЕО] „Guarding Stars“ е најгледаниот филм на „Netflix“: Топла празнична приказна што ја освои публиката

Точка

24/11/2026

14:04

759

Големина на фонт

а а а

Божиќната романтична комедија „Guarding Stars“, со Лејтон Мистер и Џеред Падалеки во главните улоги, е најгледаниот филм на „Netflix“ во светот, а го држи првото место и во САД.

Според податоците на веб-страницата „FlixPatrol“, која ги следи листите на најгледани содржини на стриминг-платформите, филмот на 23 ноември се најде на врвот на глобалната листа на филмови. На „Netflix“ пристигна на 18 ноември.

Мистер ја глуми Хана Брукс, телохранителка која добива задача да ја чува холивудската акциска ѕвезда Џек Стејплтон, кого го игра Падалеки. Џек за празниците заминува кај своето семејство во Монтана, а бидејќи му се заканува опасност, Хана пред неговото семејство се претставува како негова девојка.

Филмот е снимен според истоимениот роман „The Bodyguard“ на писателката Кетрин Центер од 2022 година, а режисерка е Елизабет Ален Розенбаум. Енди Мекдауел ја игра мајката на Џек, а пејачката Ава Макс неговата поранешна девојка.


Сепак, критиките се нешто послаби. Порталот „Absolute“ Geeks пишува дека филмот е предвидлив, но шармантен, и дека неговиот главен адут е хемијата меѓу главните актери. „AV Club“ му додели оценка Ц, а шведскиот „MovieZine“ две од вкупно пет ѕвезди.