Со 22. пакет санкции, Европската комисија предлага да ја прошири забраната за трансакции на околу 60 руски банки и да го засили надзорот врз криптоплатформите и платежните мрежи.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во понеделникот го претстави 22. пакет предложени санкции против Русија. Како што пренесува „Гардијан“, предлогот предвидува исклучување на околу 60 руски банки од системот СВИФТ.

Знамиња на ЕУ пред седиштето на Европската комисија, архивска фотографија. Фото: Hlynz / Wikimedia Commons (CC BY-SA 3.0)
Комисијата најави и работна група за криптосанкции. Мерките би опфатиле и платежни мрежи во трети земји што помагаат да се заобиколат ограничувањата.
Како што пренесува Ројтерс, предлогот вклучува ограничувања и во енергетиката. За усвојување на пакетот е потребна согласност од сите 27 земји членки.
Кавер: Nuno Nogueira / Wikimedia Commons (CC BY-SA 2.5)








