Мерц: НАТО згреши што не ја прими Украина во 2008 година

Точка

23/11/2026

17:30

172

Големина на фонт

а а а

Германскиот канцелар Фридрих Мерц на прес-конференција со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ја оцени одлуката од самитот во Букурешт како грешка.

Германскиот канцелар Фридрих Мерц во понеделникот во Берлин изјави дека НАТО згрешил што во 2008 година не го прифатил предлогот за членство на Украина. Тој зборуваше на заедничка прес-конференција со генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте.

Фридрих Мерц на Минхенската безбедносна конференција (архивска фотографија)

Фридрих Мерц на Минхенската безбедносна конференција (архивска фотографија). Фото: Stenbocki maja / CC BY 4.0

На самитот во Букурешт во 2008 година сојузниците соопштија дека Украина и Грузија ќе станат членки, без да одредат датум за прием. Мерц се осврна на таа одлука додека во Берлин се одржуваше годишното заседание на Парламентарното собрание на НАТО.

Прес-конференцијата на Мерц и Руте на страницата на германската влада