Нова вистинита крими-серија на Нетфликс: Случајот што ја подели Америка и започна бројни теории

Точка

23/11/2026

13:40

1.035

Големина на фонт

а а а

Љубителите на „тру-крајм“ (true crime) жанрот од денес ќе можат на Нетфликс да ја гледаат триделната документарна серија „The Trials of Karen Read“ (Судењата на Карен Рид). Станува збор за серија која му се враќа на едниот од најследените и најконтроверзните судски процеси во САД во последните години, а кој од локална трагедија прераснал во национален феномен и повод за безбројни теории на интернет.

Серијата „The Trials of Karen Read“ ја режирала Даниел Џонсон Катс, а ја следи целосната хронологија на настаните – од кобната зимска ноќ во 2022 година и првичната истрага па сè до напнатите судски битки и медиумската бура што следувала.

Што се случило за време на снежната ноќ во Масачусетс?

Сè започнало на 29 јануари 2022 година, кога бостонскиот полицаец, Џон 0’Киф бил пронајден во бессознание во снегот пред куќата во местото Кантон во сојузната држава Масачусетс, по што во болница бил прогласен за мртов.


Сомнежот набрзо паднал на неговата тогашна девојка Карен Рид, која обвинителството ја обвинило за убиство од втор степен, убиство од небрежност под дејство на алкохол и бегство од местото на несреќата со смртни последици.

Според верзијата на обвинителството, Рид по ноќно излегување со својот автомобил го удрила О’Киф и го оставила во снегот. Нејзината одбрана, од друга страна, тврдела дека сè ѝ е подметнато и дека О’Киф настрадал во судир внатре во куќата, по што неговото тело било изнесено надвор, што започна лавина од шпекулации за можно прикривање.

Две судења и пресуда која одекна

Првото судење на Рид завршило во јули 2024 година без пресуда, бидејќи поротата не успеала да постигне едногласна одлука. Во повторената постапка, во јуни 2025 година, поротата ја ослободила од сите најтешки обвиненија – за убиство, убиство од небрежност и бегство од местото на несреќата, а била прогласена за виновна единствено за возење под дејство на алкохол, за што добила една година условна казна.


Ексклузивни соговорници и досега необјавени снимки

Серијата на Нетфликс носи ексклузивни разговори со луѓето кои таа ноќ биле во куќата, со семејството и пријателите на О’Киф, како и со членовите на поротата кои одлучувале во постапките. Покрај тоа, гледачите за првпат ќе слушнат и досега необјавени делови од аудиоснимката од интервјуто со Карен Рид од 2023 година.


Иако кривичната постапка е заклучена, приказната сè уште не е сосема завршена бидејќи правните битки продолжуваат на граѓанските судови. Токму затоа „The Trials of Karen Read“ (Судењата на Карен Рид) пристигнува на Нетфликс во момент кога интересот на јавноста за овој случај и понатаму не стивнува.