Николоски - Зомер: Унапредување на економската соработка, инвестициите и туризмот

Макфакс

23/11/2026

12:40

181

Големина на фонт

а а а

Вицепремиерот Александар Николоски и амбасадорот на Швајцарија Кристоф Зомер разговараа за унапредување на билатералните односи, со посебен акцент на економска соработка, инвестиции и развој на туризмот помеѓу двете земји.

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оствари работна средба со амбасадорот на Швајцарија, Кристоф Зомер.

На средбата беа разменети мислења за унапредување на билатералните односи меѓу двете земји, со посебен акцент на продлабочување на економската соработка, зголемување на трговската размена и отворање нови можности за инвестиции.

Посебно внимание беше посветено на инфраструктурните проекти и можностите за вклучување на швајцарски компании во реализацијата на инвестициските активности на државата. Вицепремиерот Николоски упати покана до швајцарските компании да ги разгледаат можностите потенцирајќи дека Македонија е отворена за нови партнерства и инвестииции.

На средбата се разговараше и за можностите за развој на туризмот и унапредување на авионските врски меѓу двете земји, како важен предуслов за зголемување на туристичката размена, поврзувањето на граѓаните и зајакнувањето на економските потенцијали.

Унапредувањето на односите со Швајцарија, привлекувањето нови инвестиции остануваат значаен дел од владините приоритети за економски развој, подобра инфраструктурна поврзаност и отворање нови можности за граѓаните и бизнис-заедницата.