На првата работилница градот собра предлози од општините, стопанските комори, компаниите, универзитетите и граѓанските организации.
На 20 ноември Град Скопје ја одржа првата работилница за изработка на Стратегијата за локален економски развој за 2026–2029 година. Учесниците предложија идеи и проекти за подобрување на градските услуги и за поддршка на локалната економија.

Поглед кон центарот на Скопје од Кале, архивска фотографија. Фото Aktron / Wikimedia Commons · CC BY 3.0
Насловна фотографија: kallerna / Wikimedia Commons · CC BY-SA 4.0.
Во работните групи учествувале претставници на градските сектори, општините, јавните претпријатија, стопанските и занаетчиската комора, приватниот сектор, невладините организации и универзитетите. Учествувале и претставници на министерствата за локална самоуправа и за култура и туризам.
Стратегијата ја изработува компанијата „СЕГ Холдинг“. Во соопштението за работилницата Градот не наведе кога ќе биде објавен нацртот на документот.








