Претставено е четвртото издание на алтернативниот стрип-магазин „Тешка Машинерија“ кој промовира млади автори и жанровски разновидни приказни, од научна фантастика до комедија.
Вечерва со почеток во 19:00 часот, во „Цреша бар“ ќе се одржи официјалната промоција на четвртото издание на алтернативниот стрип-магазин „Тешка Машинерија“.
Ова е втора година како магазинот излегува од независни средства, бележејќи импресивен раст – од мал фанзин од 16 страници, првпат промовиран на Стрип-трип фестивалот во Скопје во 2025 година, па сè до денешното обемно издание од 72 страници.
Главните цели и задачи на „Тешка Машинерија“ остануваат посветената промоција и поддршка на млади стрип-автори, сценаристи, илустратори и рецензенти. Магазинот активно го поттикнува слободниот дух и фантастичниот израз преку приказни што истражуваат различни жанрови: научна фантастика, епска фантазија, хорор, еротика, комедија и други теми.
Во новото издание со свои дела се претставуваат:
· Стрип-автори: Александар Танчевски – Танчо, Методија Стојановски, Тиа Василеска и Владимир Благојевиќ – Владодлак.
· Илустратори: Тијана Петковска – Тијанска, Ивана Атанасовска – Huespill, Александар Сидовски – Сидо и Јован Терзиоски – Јоки.
· Рецензија: Ивица Дукоски.






