Ева Лонгорија, актерката, продуцентката и режисерката која публиката ширум светот ја памети како Габриел Солис од серијата „Очајни домаќинки“, беше меѓу гостите на гламурозната вечер „L'Oréal Paris Women of Worth 2026“.
Актерката Ева Лонгорија беше меѓу гостинките на гламурозната вечер, каде што се појави во елегантен црн фустан кој ја нагласуваше нејзината фигура и привлекуваше внимание со својот необичен крој. Иако неодамна нè „почасти“ со видео кое ја прикажува нејзината напорна фитнес рутина, Ева е сепак кралица на црвениот тепих.

Без вишок украси, светки и впечатлив накит, нејзиното издание се потпираше на женствена силуета и безвременска црна боја, а едноставноста беше нејзин најсилен адут.
За оваа престижна пригода, таа избрала долг црн фустан без прерамки, кој ги истакнуваше нејзините рамена и деколте. Деколтето во облик на срце привлече посебно внимание, додека струкот и колковите биле нагласени со ефектен, структуриран детаљ кој ѝ даде на креацијата дополнителна доза на елеганција.

Долгото здолниште што се протега до подот ја заокружува силуетата и придонесува за софистициран изглед. Ева се одлучи за црна боја и беспрекорен крој, кој, на крајот на краиштата, најмногу ѝ стои.
Актерката уште еднаш покажа дека класиката, добриот крој и самоувереното држење на телото често се најмоќната модна комбинација.

Eva Longoria gets photobombed by Andie MacDowell at the L’Oréal Women of Worth celebration in Los Angeles. 💖 https://t.co/BvlYm4G9sh
— Page Six (@PageSix) November 19, 2026