Јастог, ретки печурки и специјални вина: Еве со што Џинпинг „ги послужи“ светските лидери

Точка

18/11/2026

18:45

1.144

Големина на фонт

а а а

На лидерите на земјите учеснички на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК 2026), на свечената вечера чиј домаќин е кинескиот претседател Шји Џинпинг, им се послужуваат бројни специјалитети од кинеската кујна, меѓу кои јастог, риба, бифтек и традиционални кантонски деликатеси, пренесе „South China Morning Post“.

Според објавеното мени, вечерата започнува со ладно предјадење наречено „Градот на големиот змеј“, по што се послужуваат супа од рибни меури со кинески маслинки и пржен јастог со ѓумбир и млад кромид.


Меѓу главните јадења се риба приготвена на пареа со соја-сос, бифтек со печурки, како и смрчки, исклучително ценети и ретки самоникнати печурки, млада зелка и костени во сос од шафран.


За време на вечерата, на гостите им се послужува и избор од три вида традиционални кантонски дим-сум специјалитети – традиционални кинески јадења во мали порции, кои се служат во бамбусови кошнички или на мали чинии.


За десерт се предвидени супа од црвен грав со кора од мандарина и семки од лотос, колачи, свежо овошје и сладолед. Вечерата завршува со кафе и чај.


Со јадењата се послужуваат вина од кинеските региони, меѓу кои каберне совињон од Нингсија од 2019 година, бело вино од 2020 година и ледено вино од личи од провинцијата Гуангдонг.

Фото: АП