Работни места има, стручен кадар недостига: Бизнисот и училиштата бараат заеднички решенија

Точка

18/11/2026

14:15

230

Големина на фонт

а а а

На конференцијата во Сараево се разговарало за јазот во вештините, дуалното образование и поврзувањето на компаниите со образовните установи.

Компаниите имаат слободни работни места, но тешко наоѓаат соодветно обучени луѓе. Тоа било истакнато на петтата регионална конференција на Регионалниот фонд за предизвици, одржана на 17 ноември во Сараево, според денешното соопштение на Стопанската комора.

Претставници на бизнисот и образовните институции од шесте економии на Западен Балкан разговарале за усогласување на вештините со потребите на стопанството. Во фокус биле партнерствата со стручните училишта, зелените и дигиталните вештини и еднаквите можности.

Илустративна фотографија со книги и материјали за учење
Фондот поддржува партнерства меѓу образованието и компаниите; фотографиите се илустративни. Фото: Aaron Burden / StockSnap, CC0; кавер: Tamarcus Brown / StockSnap, CC0.

Фондот поддржува опрема и инфраструктура за дуално и стручно образование. Преку четирите повици биле одобрени 60,5 милиони евра инвестиции за 137 проекти, со 705 партнерски компании и околу 8.000 ученици.

Македонија преку истите повици обезбедила 7,63 милиони евра за 17 конзорциуми, во кои се вклучени 12 стручни училишта, пет факултети и 88 компании и организации.

Финансирањето доаѓа од германската развојна соработка преку KfW, со дополнителна швајцарска поддршка. Програмата ја спроведува Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан.