Утре сончево со температура до 20 степени, во среда ветер со брзина над 80 километри на час

Макфакс

16/11/2026

17:10

349

Големина на фонт

а а а

Прогнозата за времето најавува сончево време со температури до 20 степени, а од среда се очекува промена со силен ветер над 80 километри на час во западните делови на земјата.

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа во западните делови повремено засилен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 17 степени.

Од среда ќе се задржи променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Од утре под влијание на јужно воздушно струење, температурите ќе бидат во постепен пораст и над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен, а во среда и четврток во западните делови повремено силен ветер од јужен правец (над 80 km/h).