[ВИДЕО] Ристовска Додевски: Два месеци учениците од Центар без бесплатен оброк ветен од Бетон Герасимовски

Макфакс

16/11/2026

11:10

125

Големина на фонт

а а а

Диана Ристовска Додевски, претседателка на УЖ ВМРО-ДПМНЕ Центар, ја критикува неспособноста на Бетон Герасимовски и администрацијата на СДС за тоа што учениците од општина Центар повеќе од два месеци се без бесплатен оброк кој беше ветен во изборната кампања. Како алтернатива е предложен субвенциониран оброк кој не ги покрива потребите целосно.

Два месеци учениците од Центар се без бесплатниот оброк ветен од Бетон Герасимовски, кој беше ветен во предизборието, обвини Диана Ристовска Додевски, претседателка на УЖ ВМРО – ДПМНЕ Центар и советник во Општина Центар.

„2500 ученици од Центар и натаму си го плаќаат својот училишен оброк, заради неспособноста на Бетон Герасимовски и администрацијата на СДС. За да го прикрие својот неуспех, другарот на Филипче, излезе со предлог во Советот на Општина Центар, наместо бесплатен оброк, истиот да биде субвенциониран. Но, таа сума не покрива ниту половина од месечниот оброк кој Герасимовски го вети на центарци“, рече таа.

Ристовска Додевски вели дека јавноста заслужува да знае, зошто учениците од училиштата во општина Центар два месеци се без бесплатен оброк директно ветени од Герасимовски?

„Училиштата започна на први септември со работа, денеска е 16 ноември, центарци се излажани. Герасимовски по стапките на Венко Филипче, ветува а не исполнува. Но, иако нема бесплатен оброк, ВМРО-ДПМНЕ во интерес на граѓаните, учениците и нивниот ученички стандард, на седницата во петок, 13-ти ноември го поддржа предлогот за субвенциониран оброк“, рече Ристовска Додевски.