Мицкоски во Брисел: Нашата определба за членство во ЕУ е јасна и недвосмислена, Македонија заслужува европска иднина

Макфакс

16/11/2026

10:50

142

Големина на фонт

а а а

Премиерот Христијан Мицкоски се сретна со генералниот директор на Генералниот директорат за проширување на Европската комисија во Брисел, каде разговараа за европската перспектива на Македонија и напредокот во реформите за пристапување во Европската Унија.

Премиерот Христијан Мицкоски извести дека денеска во Брисел се сретнал со Герт Јан Копман, генерален директор на Генералниот директорат за проширување и источно соседство при Европската комисија.

Како што информираше премиерот, во фокусот на разговорите биле европската перспектива на Македонија, напредокот во реформските процеси и следните чекори во пристапувањето кон Европската Унија.

„Нашата определба за членство во Европската Унија е јасна и недвосмислена. Македонија заслужува европска иднина, заснована на принципиелни односи, почитување и заштита на националните интереси, како и доследно спроведување на реформите во интерес на граѓаните.

Продолжуваме со посветена работа, исполнување на реформската агенда, одговорна политика и јасна визија за европска, стабилна и просперитетна Македонија“, порача Мицкоски.