Во германскиот град Бајројт тројца крадци со автомобил извршија грабеж во златарница, од каде украдоа вредни предмети. Двајца осомничени се уапсени, а полицијата продолжува да го бара третиот кој избега.
Драматичен грабеж се случил рано утринава во германскиот град Бајројт, каде тројца крадци со автомобил се забиле во златарница, од која украле повеќе вредни предмети. Двајца осомничени се уапсени, а полицијата сè уште трага по третиот.
Според полицијата, грабежот се случил околу 3:40 часот. Откако со автомобилот влетале во продавницата, крадците зеле неколку предмети и побегнале со друго возило.
Полициска патрола го забележала автомобилот со кој се движеле осомничените на автопатот и започнала потера. Тие потоа го напуштиле автопатот, го оставиле возилото во шума и продолжиле да бегаат пеш.
Во потрагата по бегалците полицијата ангажирала службени кучиња, дронови и хеликоптер. Двајца мажи биле приведени, додека потрагата по третиот осомничен продолжува.







