ВМРО-ДПМНЕ: Доста е со лажната загриженост на СДС, бројките и фактите ги рушат лагите на СДС економијата се мери со резултати, не со партиски пароли

Макфакс

15/11/2026

13:50

219

Големина на фонт

а а а

ВМРО-ДПМНЕ ја критикува лажната загриженост на СДС и ги истакнува позитивните економски резултати надминати во време на нивно владеење, посочувајќи на стабилизација и раст на економијата, како и напредок во туристичкиот сектор и инфраструктурата.

Фактите се најдобар одговор на политичките конструкции на Филипче и СДС. Граѓаните ги видоа резултатите од ”економските експерти” од СДС кои ги оставија со празни џебови додека Филипче и кланот Заеви се богатеа, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Кога СДС и Филипче се повикуваат на ММФ, тогаш треба да ги прочитаат и целосните извештаи, а не да извлекуваат само податоци што ним им одговараат.

Колку тоа и да не и се допаѓа на СДС, Македонија бележи највисок економски раст во регионот, меѓународните извештаи ги потврдуваат позитивните економски движења. Македонија е една од земјите со најниските стапки на инфлација во Европа каде достигна 4,0 % на годишно ниво во октомри 2026 година.

Во време на СДС и ДУИ инфлацијата беше двоцифрена а Филипче и Заев се грижеа само за раст на сопствените бизниси и инвестиции во авионски компании, плантажи и висококатници во Дубаи додека народот го осиромашија и го оставија на раб на егзистенција.

Денес владата предводена од ВМРО ДПМНЕ од длабок минус во наследство од владеењето на СДС и ДУИ ја стабилизира економијата и ја води кон раст.

Денес индустрискиот промет во Македонија бележи раст од над 5,5 проценти во споредба со истиот период минатата година, што е охрабрувачки показател за економската активност.

Имаме над 1,1 милион туристи и речиси три милиони ноќевања заклучно со септември.

Кај туризмот во третиот квартал годинава, во споредба со истиот период минатата година, се регистрирани 35.000 туристи и 110.000 ноќевања повеќе, што претставува раст од над шест проценти кај двата показатели.

Се градат автопати кои со децении тапкаа во место, се воведуваат нови авионски линии, Македонија се поврзува со регионот и светот, со цел да се олесни транспортот, да се привлечат странски инвестиции, да се развива туризмот и да се отворат нови економски можности.

Се инвестира во инфраструктура, се работи на подобрување на условите за бизнис и се создаваат предуслови за економски развој.

Никој не тврди дека економските проблеми се решени преку ноќ. Напротив, потребна е сериозна работа, инвестиции, продуктивност и подобар животен стандард што е приоритетна цел на Владата на ВМРО-ДПМНЕ“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.