Фриден: Ниту Американците ниту Русите не можат да одлучат за иднината на Европа

Макфакс

13/11/2026

16:30

274

Големина на фонт

а а а

Премиерот на Луксембург, Лук Фриден, истакна дека ниту Американците ниту Русите не треба да одлучуваат за иднината на европските земји и важно е сите 27 членки на ЕУ да бидат солидарни и да го поддржат Киев.

Премиерот на Луксембург, Лук Фриден, денес изјави дека земјите од Бенелукс се „на страната на Украина“ и дека „ниту Американците ниту Русите не можат да одлучат“ за иднината на европските земји.

Во Даблин, на маргините на самитот на европската политичка заедница, Фриден рече дека може да зборува за ова прашање во име на премиерите на Белгија и Холандија, кои не присуствуваат на самитот, а со кои претходно постигна договор.

Тој нагласи дека е неопходна „солидарност на сите 27 земји-членки“ на Европската Унија, во врска со понатамошната финансиска поддршка за Киев.

„Не смееме да дозволиме ниту Американците ниту Русите да одлучуваат за нашата иднина“, рече Фриден, зборувајќи за тоа кој треба да ја претставува Европската Унија во идните преговори за мирно решение за Украина, и предложи претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, „да има важна улога“.