Почина 67-годишен скопјанец: Го прегазил тракторот откако се придвижил на бензинска пумпа

Макфакс

13/11/2026

14:10

218

Големина на фонт

а а а

Трагична несреќа во Скопје: 67-годишен маж го прегазил својот трактор додека се придвижувал на бензинска пумпа. По здобивањето тешки повреди, починал во Ургентниот центар во Скопје.

Вчера во 12:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бензинска пумпа на ул.„Методија Андонов Ченто“ во Скопје, 67-годишниот Р.К. од населба Сингелиќ, скопско, откако наполнил гориво и го паркирал тракторот „имт“ со прикачена работна машина со скопски регистарски ознаки, застанал до тракторот кој во еден момент сам се придвижил и со задното трклало го прегазил.

Притоа, Р.К. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што во 20:30 часот починал.

Лекар констатирал смрт, а увид извршила увидна екипа на СВР Скопје.