Без вода денеска делови од општините Гази Баба и Карпош

Макфакс

12/11/2026

06:40

303

Големина на фонт

а а а

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат за прекин во водоснабдувањето денеска во делови од општините Гази Баба и Карпош поради монтажа и замена на затварачи на повеќе улици.

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска:

· поради монтажа на нов затварач (Шибер) Ф100мм. на улица Вамбел 7. Со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од следните улици Вамбел и дел од улиците Јани Лукровски и Лазар Поп Трајков, општина Гази Баба. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.

· поради замена на затварач (Шибер) Ф80мм. на улица Никола Парапунов крстосница со Разловачко Востаније. Со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците од следните улици Никола Парапунов и Разловачко Востаније, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.