Скопје ќе биде домаќин на Првиот форум за енергетска дипломатија – „Обновливи извори и жените во енергетиката“

Макфакс

11/11/2026

15:00

212

Големина на фонт

а а а

Скопје ќе биде домаќин на Првиот форум за енергетска дипломатија, кој ќе собере експерти, институционални претставници и деловни лидери за да се разговара за обновливите извори на енергија и улогата на жените во енергетиката.

На 25 ноември 2026 година, Скопје ќе биде во центарот на регионалното и меѓународното внимание, како домаќин на Првиот форум за енергетска дипломатија – „Обновливи извори и жените во енергетиката“. Форумот ќе собере еминентни домашни и меѓународни личности, реномирани експерти и влијателни претставници од енергетскиот сектор, високи институционални претставници, дипломати, меѓународни организации и деловната заедница, отворајќи платформа за стратешки дијалог, размена на искуства и нови регионални партнерства.

Во фокусот ќе бидат енергетската безбедност, забрзувањето на транзицијата кон обновливи извори на енергиja, зеленото финансирање и регионалната соработка.

Посебно внимание ќе биде посветено на улогата на жените во енергетскиот сектор, нивното лидерство и учеството во креирањето енергетски политики и меѓународната енергетска дипломатија.

Форумот го организира Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, во партнерство со Канцеларијата на Обединетите нации во Северна Македонија, Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Економската комисија на Обединетите нации за Европа (УНЕЦЕ).

Заедничката цел е да се отворат нови можности за партнерства, инвестиции и конкретни иницијативи за одржлива, сигурна и поотпорна енергетска иднина на регионот.