Почината жена пронајдена во нејзиниот дом во Скопско

Макфакс

11/11/2026

13:30

264

Големина на фонт

а а а

Во домот во селото Кучевиште, скопско, е пронајдена почината жена на 73 години, при што лекар од Итна медицинска помош ја констатирал смртта, а полицијата извршила увид. Телото е предадено на обдукција по насока на јавен обвинител.

Вчера во 16:55 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот во с.Кучевиште, скопско, била пронајдена почината С.С.(73).

Лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт, а увид извршила екипа од СВР Скопје.

По насоки од јавен обвинител, телото на починатата е дадено во Судска медицина за обдукција, соопшти полицијата.