Општина Ѓорче Петров организира форум за креирање на буџетот за 2027 година

Макфакс

11/11/2026

11:00

282

Големина на фонт

а а а

Општина Ѓорче Петров организира буџетски форум за 2027 година каде граѓаните можат јавно да ги изнесат своите идеи и приоритети за локалниот буџет, со цел подобрување на инфраструктурата и јавните услуги во општината.

Општина Ѓорче Петров организира буџетски форум

на кој граѓаните ќе имаат можност да ги споделат своите предлози, идеи и приоритети за креирањето на општинскиот буџет за 2027 година.

Форумот претставува можност

за отворена дискусија и активно учество на граѓаните во утврдувањето на проектите и активностите што ќе бидат опфатени со буџетот за следната година.

Во фокусот на разговорите

ќе бидат потребите на населените места, унапредувањето на локалната инфраструктура, улиците, училиштата, градинките, зелените површини, како и квалитетот на јавните услуги, велат од Општината.

Од Општина Ѓорче Петров

ги повикуваат сите заинтересирани граѓани да земат учество, да ги изнесат своите предлози и да придонесат во утврдувањето на приоритетите за развој на општината.

Буџетскиот форум

ќе се одржи во четврток (12.11.2026) со почеток во 19:00 часот, во салата на Општина Ѓорче Петров.

Целта е преку транспарентен и инклузивен процес

да се слушне гласот на граѓаните и јавните средства да се насочат кон проекти и решенија што одговараат на реалните потреби на локалната заедница, додаваат од Општина Ѓорче Петров.