Стојаноски: Има официјална одлука од 2023 година со која владата на СДС дала согласност за продажба на акции во денешна Алта банка

Макфакс

11/11/2026

10:50

300

Големина на фонт

а а а

Пратеникот Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ откри дека постои официјална одлука од 2023 година со која власта на СДС дала согласност за продажба на акции во тогашната Стопанска банка, која денес ја познаваме како Алта банка, со што ги оспори обвинувањата упатени кон актуелната влада.

Пратеникот Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната надзорна расправа „Причини за воведувањето администрација во Алта банка АД Битола, улогата и постапувањето на Народната банка и институционалната одговорност“ во Собранието, посочи дека претходната влада предводена од СДС уште во 2023 година дала согласност за продажба на акции во тогашната Стопанска банка АД Битола.

„Сведоци сме на серија политички обвинувања од СДС и пратеникот Венко Филипче, кои настојуваат целокупната одговорност за случувањата со Алта банка, да ја припишат на актуелната Влада. Нешто што можевме да го слушнеме во изминатите 120 секунди“, рече Стојаноски и додаде:

„Меѓутоа, постои официјална одлука објавена во Службен весник број 123 од 2023 година, со која тогашната влада предводена од СДС, дала согласност за продажба на акции во Стопанска банка АД Битола, денешна Алта банка“.

Стојаноски постави прашање до претседателот на Владата: „Што точно, открива одлука за постапувањето на претходната влада, дали била реализирана продажба врз нејзина основа и по што се разликува од одлуките на сегашната влада во 2026 година?“.