[ФОТО] Црно, гламурозно и - „Gucci“: Девојката на Леонардо ди Каприо во елегантен фустан со висок шлиц го одзема здивот во Лос Анџелес

Кармин

10/11/2026

10:32

770

Големина на фонт

а а а

Моделот Виторија Черети целосно нè хипнотизираше со своето издание и креација која ја нагласува фигурата на песочен часовник.

Италијанската манекенка Виторија Черети, девојка на актерот Леонардо ди Каприо, беше една од најзначајните дами на 15-тата годишна гала-вечер „Art-Film“ на Музејот на уметност во округот Лос Анџелес (LACMA).


Таа избра елегантна и софистицирана модна комбинација за оваа пригода и ги воодушеви сите со својата грациозност.

Виторија Черети блескаше во долг црн фустан од „Gucci“ по нарачка

Црниот фустан беше целосно впечатлив, а за тоа придонесоа неколку работи.


Прво, горниот e многу интересен со деколте во облик на брод и тенки прерамки што откриваа дел од рамената и деколтето. Фустанот потоа e тесен и го нагласувa и истакнуva струкот на моделот.

Има нагласен дел во пределот на струкот, а потоа и прав крој до подот, што e интересно благодарение на длабокиот шлиц што се протега речиси до колковите.

Целата креација е дизајнирана да ја истакне фигурата во облик на песочен часовник, а со овој елегантен фустан, Виторија комбинираше црни салонки со црн транспарентен преден дел и зашилен горен дел од брендот „Giuseppe Zanotti“. Виторија го заокружи своето издание со импресивен ѓердан од „Nikos Koulis“ со 18-каратно бело злато и не помалку впечатливи висечки обетки.


За да ја истакне убавината на црниот фустан и накитот што ги носеше, моделотја стилизирала косата издигната и залижана наназад, со малку влажен ефект, а овој гламурозен стил го проследи и со темна шминка.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk