Челси без Џејмс и Гирма кај Хекен, капитенката Катберт се враќа во составот

Точка

10/11/2026

08:03

285

Големина на фонт

а а а

Челси вечерва од 18:45 гостува во Гетеборг. По три кола во женската Лига на шампионите има седум бода и нема примен гол, а Ерин Катберт првпат сезонава е во европскиот состав по повредата.

Челси вечерва од 18:45 часот по скопско време му гостува на шведски Хекен во четвртото коло од женската Лига на шампионите. Тренерката Сонија Бомпастор за дуелот во Гетеборг нема да може да смета на Лорен Џејмс и Наоми Гирма, кои отсуствуваат поради повреди.

Меѓу 23-те фудбалерки што отпатуваа во Шведска е капитенката Ерин Катберт. По рехабилитацијата, ова е нејзин прв повик за европски натпревар сезонава.

Челси на пат за Гетеборг

Челси на пат за Гетеборг | Фото: Челси

Челси сè уште нема примен гол во Европа

Лондонскиот тим освои седум бода со домашните победи над Австрија Виена и Рома и ремито без голови кај Лион. Во Гетеборг ја бара првата гостинска победа во натпреварувањето сезонава, а Хекен во претходното коло ја запиша својата прва победа.

Во домашното првенство Челси викендов одигра 1:1 со Евертон. По гостувањето во Шведска го чека дуел со лидерот Манчестер Сити, в сабота на „Стемфорд бриџ“.