Без вода утре делови од скопски Центар

Макфакс

09/11/2026

15:50

328

Големина на фонт

а а а

ЈП Водовод и Канализација известува за прекин во водоснабдувањето на дел од скопски Центар поради изведување на водоводен приклучок, кој ќе трае од 10:00 часот до санирање на дефектот.

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека на ден 10.11.2026 година ( вторник ) поради изведување на водоводен приклучок од Ф-150мм на ул.29ти Ноември 53 во населба Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул.29ти Ноември и потегот од ул.Васил Стефановски до Борка Талевски, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до санирање на дефектот.(општина Центар).