Семејно насилство во повеќе градови – нападнати родители, сопруги и 13-годишно дете

Макфакс

09/11/2026

14:00

227

Големина на фонт

а а а

Во полицискиот билтен се регистрирани шест случаи на семејно насилство во повеќе македонски градови, при што пет лица се лишени од слобода, а против едно лице е поднесена кривична пријава. Случаите вклучуваат физички напади врз родители, сопруги и малолетно дете.

Шест случаи на семејно насилство и закани се регистрирани во полицискиот билтен, при што пет лица биле лишени од слобода, а против едно лице е поднесена кривична пријава.

Во делчевско село, синоќа во 23:10 часот, полицијата го привела А.Л. (45), по пријава дека физички го нападнал својот 13-годишен син. За случајот е известен јавен обвинител, а по неговото документирање ќе следува соодветна пријава.

Во тетовско село, полицијата го привела П.А. (24), откако неговата 49-годишна мајка пријавила дека физички ја нападнал во семејниот дом по претходна расправија.

Во Гостивар, 35-годишниот Х.Д. бил уапсен по пријава од неговиот 70-годишен татко дека по расправија физички ги нападнал него и неговата сопруга. Исто така, гостиварската полиција поднела кривична пријава против В.Д. (29), осомничен дека на 16 октомври ѝ се заканувал на својата 52-годишна мајка.

Во Ресен, полицијата го привела Е.Џ. (24) поради физички напад врз неговата невенчана сопруга.

Во гевгелиско село, пак, бил приведен 45-годишен маж, кој според пријавата агресивно се однесувал кон сопругата и нивните малолетни деца во семејниот дом. За случајот е известен јавен обвинител.

Од МВР информираат дека по документирањето на случаите ќе следуваат соодветни пријави и поднесоци.