Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, слаб до умерен ветер, а од вторник следува потопло време со локални врнежи и услови за утринска магла.
Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд со слаб интензитет. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Од вторник следува период на променливо облачно и потопло време. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Локални врнежи од дожд ќе има кон крајот на седмицата. Ќе дува слаб до умерен, а во петок повремено засилен до силен ветер од јужен правец.








