Утре без вода дел од Општина Карпош

Макфакс

08/11/2026

16:30

257

Големина на фонт

а а а

Во дел од Општина Карпош утре ќе има прекин во водоснабдувањето поради работи на водоводната мрежа на улица Никола Парапунов.

Утре без вода ќе остане дел од Општина Карпош.

„Од ЈП Водовод и Канализација добивме известување дека на ден 09.11.2026 година (понеделник) во периодот од 09.00 часот па до завршување на работата, поради извршување работи на водоводната мрежа на ул. Никола Парапунов на раскрсница со улица Разловечка, без водоснабдување ќе бидат корисниците од тој дел. (Општина Карпош)“, информира РЦУК Скопје.