Во Скопје вчера на паркинг просторот кај булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ пешак беше тешко повреден откако беше удрен од автомобил пежо со скопски регистарски ознаки. Увидот го изврши полицијата.
Вчера околу 13:40 часот на паркинг просторот кај бул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје автомобил „пежо“ со скопски регистарски ознаки управувано од С.Ј.(67) од Скопје удрило во пешакот А.Ф.(93) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот констатирани во приватна здравствена установа.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, соопшти МВР.








