Зеленски најави нови кадровски промени во украинската армија, засега без детали за позициите

Макфакс

07/11/2026

09:25

307

Големина на фонт

а а а

Украинскиот претседател Володимир Зеленски најави дека ќе има нови кадровски промени во украинската армија, но тие засега не се прецизирани по однос на позициите што ќе бидат опфатени.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски најави нови кадровски промени во вооружените сили на Украина, но не откри кои функции и позиции ќе бидат опфатени со одлуките.

„Врховниот командант и јас подготвуваме кадровски одлуки во вооружените сили на Украина. Сакам да им се заблагодарам на сите што ѝ служат на Украина“, изјави Зеленски, мислејќи на врховниот командант Михаило Драпатиј.

Воедно, тој упати апел до припадниците на украинската војска да внимаваат на својата безбедност поради опасноста од ракетни напади.

Засега нема дополнителни информации за тоа кои воени позиции ќе бидат опфатени со најавените промени, ниту кога тие ќе бидат спроведени.