Промоцијата со авторката Бистра Георгиева почнува во 11 часот во Веро Центар.
Пет нови сликовници од серијалот „Стела и Сани“ ќе бидат претставени в сабота, 7 ноември, од 11 часот во Веро Центар во Скопје. Приказните ги напиша Бистра Георгиева, а ги илустрираа Наташа Андонова и Љупка Стојкова.

Бистра Георгиева со претходни изданија, архивска фотографија. Фото: ТРН
Новите наслови се „Мечка се жени“, „Ноќна смена“, „Како да го прескокнеш вторник“, „Изгубено – најдено“ и „Кој прв ќе заспие“.
Во програмата се предвидени средба со авторката и потпишување на сликовниците, интерактивен концерт и катче за цртање и боење.
Авторката Бистра Георгиева, архивска фотографија. Фото: ТРН








