Од 6 до 8 ноември, учесниците ќе формираат тимови, ќе развиваат прототипи со помош од ментори и ќе ги претстават пред жири.
Во Скопје денеска во 17:30 почнува Стартап викендот. Учесниците ќе имаат 54 часа да развијат прототип и да го претстават пред жири. Настанот трае до 8 ноември, а домаќин е ПроКредит банка.
Темата е вештачката интелигенција. Организаторите ги повикуваат учесниците да тргнат од конкретен проблем и да размислат каде технологијата може да помогне уште во првата верзија на производот.

Тим работи на прототип на претходно издание. Фото: Startup Weekend Skopje
Тимовите се формираат во петок навечер. Потоа учесниците работат со ментори и ги тестираат идеите со потенцијални корисници. Презентациите пред жирито се во недела. Претходно искуство со стартапи не е услов за учество.
Настанот го организира Startup Club Skopje во рамките на мрежата Techstars.
Извор: Startup Weekend Skopje.
Отворање на претходно издание на Стартап викендот во Скопје. Фото: Startup Weekend Skopje








