Нов аларм во Европа: во авион пронајдена порака со натпис „бомба“

Макфакс

05/11/2026

19:21

193

Големина на фонт

а а а

Во авион од Италија до Брисел пронајдена е порака со натпис „бомба“, што предизвика аларм и евакуација, но по деталната проверка беше потврдено дека станува збор за лажна тревога. Инцидентот е дел од низа лажни дојави за бомби низ Европа.

Во авион што летал од италијанскиот град Пескара до аеродромот Шарлроа во Брисел е прогласен аларм, што се покажа како лажна, објавија денес италијанските медиуми.

Кратко по полетувањето од Италија, во тоалетот на авионот е пронајдена порака на која пишувало „бомба“, по што пилотот веднаш ја известил контролата на летање, а откако авионот слетал во Брисел, бил инициран протокол за криза, објави порталот „Пескара“.

Патниците биле безбедно евакуирани и темелно прегледани со помош на полициски кучиња за откривање експлозиви. По детална проверка на авионот и багажот, официјално е потврдено дека станува збор за лажна тревога.
„Раководството на кризниот штаб, заедно со тесната соработка со сите надлежни служби, овозможило што побрзо решавање на инцидентот, без дополнително нарушување на работењето на аеродромот“, според соопштението на аеродромските служби.

Порано денес, околу 20 летови низ Европа биле цел на лажни дојави за бомби.

Авионот што доаѓаше од Варшава слета на аеродромот во Брисел утрово откако доби сомнителна дојава.

Врз основа на полициската истрага, беше проценето дека не се потребни дополнителни безбедносни мерки.