Утре, променливо облачно со сончеви периоди

Макфакс

05/11/2026

16:40

91

Големина на фонт

а а а

Прогнозата за времето утре најавува променливо облачно небо со солзи сончеви периоди и услови за утринска магла во поодделните котлини, со умерен ветер од север. Температурите ќе се движат од 2 до 18 степени, а стабилно време со сончеви периоди ќе продолжи до недела.

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 12 до 18 степени.

Во Скопје, ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 17 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

До недела ќе се задржи стабилно време со сончеви периоди. За време на викендот утринската температура наместа ќе се спушти под нулата, а по одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Потоа до средината на следната седмица, времето ќе биде со променлива облачност во текот на денот и услови за слаб локален дожд.