Макрон: Ми недостига Меркел

Макфакс

05/11/2026

10:00

183

Големина на фонт

а а а

Францускиот претседател Емануел Макрон ги оценил состаноците со европските лидери како депресивни и целосно лишени од креативност, признавајќи дека многу му недостигаат поранешната германска канцеларка, Ангела Меркел и поранешниот претседател на Европската централна банка, Марио Драги.

Ова се открива во книгата „Сите сте премногу строги кон мене“ на француската новинарка Франсоаз Дегоа, која содржи делови од приватната преписка со Макрон преку апликацијата „Телеграм“ во изминатите две години.

Во пораките Макрон ја бранел одлуката за распуштање на парламентот во јуни 2024 година, објаснувајќи дека сакал да го затекне Националниот собир на Марин Ле Пен неподготвен за избори.

„Беа подготвени за есен, но не и за јуни. Тоа е една од причините поради кои ја донесов одлуката“, напишал Макрон.

Тој го критикувал и поранешниот премиер Габриел Атал, наведувајќи дека добил премногу политичка поддршка, додека пофално зборувал за лидерот на Социјалистичката партија, Оливие Фор.

На прашањето за евентуална оставка поради политичката криза во Франција, Макрон бил категоричен.

„Оставка? Никогаш! Од никаква причина! Немам намера да дезертирам. Продолжувам понатаму“, порачал францускиот претседател.

Во преписката ја бранел и пензиската реформа, предупредувајќи дека нејзиното суспендирање би било сериозна грешка за Франција.