Прегазен скопјанец: Со тешки повреди пренесен во болница

Макфакс

04/11/2026

12:30

317

Големина на фонт

а а а

Во Скопје вчера беше пријавена сообраќајна несреќа во која пешак беше прегазен од патничко возило. Тој е пренесен во болница со тешки повреди, а полицијата изврши увид на местото на настанот.

Вчера во 11:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на сервисна улица која го поврзува паркинг просторот со ул. „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, 48-годишниот З.Б. од Скопје управувајќи патничко возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки удрил во пешакот А.О.(57) од Скопје.

Според полицијата, во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Јавна здравствена установа „Св. Наум Охридски“ во Скопје.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.