Со товарно возило прегазено шестгодишно дете во Скопје

Макфакс

04/11/2026

12:20

281

Големина на фонт

а а а

Во Скопје вчера попладне беше пријавена сообраќајна несреќа каде што товарно возило удри шестгодишно дете. Детето се здоби со тешки телесни повреди и беше пренесено во Ургентен центар, додека полицијата изврши увид на местото на несреќата.

Вчера во 16:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „362“ во Скопје, 48-годишниот М.С. од Скопје управувајќи товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки удрило во 6-годишно дете од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило детето, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Полицијата соопшти дека е извршен увид од увидна екипа на СВР Скопје.